banner
picture
Lorem Ipsum is simply dummy text of the printing and typesetting industry.
Lorem Ipsum as their default model text, and a search for 'lorem ipsum' will uncover many web sites still in their infancy.
picture

ФИНАНСИИ
Добар софтвер - акцелератор на бизнисот

picture

Претприемачите во малите фирми мора да бидат експерти за скоро секој аспект на бизнисот. Кога станува збор за финансиите и сметководството, не значи дека ако ги води некој друг дека не треба да ги контролирате и да ги менаџирате. Преку сметководствен и финансиски софтвер ќе го остварите тоа лесно и брзо. Но пред да му платите на некој познат или пријател кој Ви ветил дека ќе Ви направи најдобар софтвер на светот, следат некои искуства од оваа област.

- не купувајте софтвер доколку немате можност да го користите пробен период. Само така ќе знаете дали навистина сте го одбрале најдоброто решение.Презентациите и примената се многу различни работи.

- малите фирми најчесто го користат само основниот пакет (фактури, наплата, банкови изводи). Водете сметка дали може софтверот да се надгради со додатни пакети (модули), бидејќи бизнисот ќе се зголемува и ќе стане посложен.

- направете анализа дали ќе купите софтвер или истиот ќе го изнајмите

- осигурајте се дека податоците ќе бидат заштитени

Добриот софтвер е многу повеќе од едноставно зголемување на ефикасноста. Секако дека влијае на впечатокот дека сте сериозна фирма. Тешко е дека клиентите ќе Ве сватат сериозно доколку фактурата е напишана со ракопис или во недоработен њорд документ. Но доколку издадете професионално изработена фактура, со Вашето лого, Вашите клиенти ќе стекнат впечаток не само дека сте сериозна фирма, туку дека имате и цела служба за таа намена. Мала инвестиција сега, може и најчесто значи голема заштеда тогаш кога најмногу Ви треба. Ова секако не значи дека треба да купите САП или ОРАЦЛЕ. Ефикасен софтвер кој ќе биде компатибилен со работењето на фирмата и ќе ги покрие потребите може да се набави и за разумна цена.